Се огласи Рамос, ќе остане ли во Реал?

Шпанското радио „Копе“ објави нови информации во врска со судбината на капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос. Рамос лично испратил порака до новинарот Маноло Лама, а истиот ја објави во својата емисија на ова радио. „Не сум добил службена понуда од Реал Мадрид и мојата плата не е 15 милиони евра.“ – вели капитенот на Реал. Во емисијата беше објавено дека Рамос не се сретнал со претседателот Флорентино Перез пред натпреварот против Елче на 30. декември минатата година. За потсетување, АС во понеделникот објави дека Реал понуди едногодишен договор на Рамос со можност за продолжување на уште една година со намалување на платата. Рамос таа понуда наводно ја одбил, велејќи му на претседателот на Реал дека ќе ги сослуша понудите од други клубови, со оглед на тоа дека на лето ќе стане слободен играч. Сепак, Копе јавува дека Рамос нема да слуша други понуди и дека неговата желба е да се пензионира во дресот на Реал.