Се повеќе заразени во НБА, се воведуваат нови правила!
НБА лигата одложи уште два натпревари поради коронавирусот. Синоќа требаше да играат Далас и Њу Орлеанс, а вечерва Чикаго и Бостон. Претходно, беше одложен и натпреварот помеѓу Мајами и Бостон.
Според протоколот на НБА, натпревар ќе се одигра ако една екипа има минимум осум кошаркари на располагање, а Далас и Бостон тоа го немаат, бидејќи мнозинството од екипата им е заразена или во изолација.
Раководството на лигата е загрижено поради се поголемиот број на кошаркари кои се позитивни на коронавирусот, но не размислуваат за прекин на натпреварувањето. Поради тоа, се разговараше со генералните менаџери на сите НБА клубови за воведување на нови правила.
ЕСПН тврди дека ќе се воведат нови забрани кои ќе се однесуваат на тренинзите, загревањето, дружењето на играчите пред и по натпреварите, на поздравите помеѓу нив, како и на задолжителното носење на маски во салите.