Се повреди Бубакар Камара, Емери без Французинот до крајот на сезоната

Астон Вила претрпе разочарувачки пораз од Манчестер Јунајтед викендов, а покрај се остана и без уште еден првотимец. Малерите кои го снајдоа во последно време тимот на Унаи Емери никако да запрат. Нов удар за Вила е повредата на играчот за врска Бубакар Камара.
Фудбалерот вчера бил на прегледи при што е потврдено дека Камара ги скинал предните вкрстени лигаменти во второто полувреме против „црвените ѓаволи“ и се очекува да ја пропушти цела втората половина од сезоната 2023/24.
Клубот планира да направи и дополнителни прегледи, но се очекува Французинот да биде надвор од терените од пет до шест месеци.