Се повреди капитенот на Саудиска Арабија, заврши Мундијалот за Фарај
Капитенот на Саудијска Арабија, Салман Ал Фарај, кој се повреди на мечот со Аргентина во првото коло на Мундијалот во Катар, ја напушти селекцијата и се врати во татковината.
„Ерве Ренард му даде дозвола на капитенот Салман Ал Фарај официјално да го напушти кампот по проценката на лекарскиот тим дека повеќе нема да може да игра“, се вели во соопштението на националната федерација објавено на Твитер.
Саудиска Арабија ќе мора да го победи Мексико во последниот натпревар од групата в среда за да обезбеди пласман во осминафиналето без разлика на исходот од натпреварот меѓу Полска и Аргентина.