Се повреди најдобриот фудбалер на Болоња
Најдобриот фудбалер на Болоња, Џошуа Зиркзе, се соочува со повреда и нема да може да му помогне на тимот во периодот кога се крои спискот на патници за Лигата на шампионите за наредната сезона.
Холандскиот фудбалер кој заработи повреда на мускулот на мечот со Интер во Серија „А“, ќе мора да одмора најмалку еден месец. Неговиот тим е на четвртото место во рангирањето кое го носи во Лигата на шампионите. Има три бода повеќе од Рома и четири од Аталанта која е на шестото место.
Зиркзе претходно во кариерата го носеше дресот на Баерн а играше како позајмен и во Парма и Андерлехт. Во Болоња е од 2022 година.