Се повреди Тиаго, нови грижи за Јирген Клоп

На проблемите во Ливерпул им нема крај, бидејќи тимот најверојатно ќе остане и без Тиаго Алкантара неколку недели. Шпанецот се повреди на тренинг и според „Телеграф“ нема да игра околу еден месец. Играчот од средниот ред ќе го пропушти дербито против Евертон денеск и неколку натпревари потоа.

Тиаго се мачеше со повреди во текот на целата сезона, пропуштајќи 6 натпревари на почетокот. „Црвените“, пак, генерално имаат потешкотии на средината на теренот, а сега губат важна фигура токму на овој простор.

Шпанецот им се придружи на Вирџил ван Дијк, Луис Дијаз, Диого Жота, Ибрахима Конате и Роберто Фирмино кои веќе некое време се опоравуваат од повреди.