Се појави снимка која открива нови проблеми во ПСЖ?! (видео)
ПСЖ викендов на својот стадион лесно со 2:0 го победи Монпеље и дојде до осмата победа во Лига 1 во исто толку натпревари.
Но, веќе денови се пишува за „немирите“ во соблекувалната на ПСЖ. Марка наведува дека е формиран јужноамерикански клан кој работи на тоа да го избрка Џанлуиџи Донарума од клубот откако тој тукушто пристигна од Милано.
Анхел Ди Марија, Лео Меси, Леандро Паредес, Маркињос и Нејмар се држат заедно и тие навнодно го фаворизираат Кејлор Навас на голот. Таа информација не е потврдена, а не е ниту првата приказна за несогласување во соблекувалната на клубот која се појави по доаѓањето на Меси.
Не е ниту последна, бидејќи на последниот натпревар се појавија искри помеѓу Мбапе и Нејмар. Камерата на преносто го фати Мбапе на клупата на ПСЖ како му негодува на Нејмар бидејќи не сака да ја додаде топката кога се заедно на теренот.
Медиумите во Франција објавија снимка од Мбапе како по доаѓањето на клупата на својот соиграча Геје му говори како Нејмар не сака да додава. Истите медиуми наведуваат дека во текот на натпреварот имаше неколку ситуации во кои се чинеше дека Нејмар го игнорира својот соиграч.