Се продава Поршето на Марадона
Порше автомобилот кој го поседуваше аргентинскиот фудбалски великан Диего Марадона во текот на својата последна сезона во Европа, оваа недела оди на аукција.
Марадона во 1992. година возеше сребрен Порше 911 на тренинг и на натпревар, додека играше за шпанскиот клуб Севиља, а тоа беше неговата последна сезона во Европа, по што отслужи 15- месечна забрана поради позитивен тест на дрога.
Марадона во текот на таа сезона беше на насловните страници бидејќи полицијата го сопре токму во ова возило поради поминување на црвено светло и брзина од 180 километри на час во центарот на градот.
„Го возеше само Диего Армандо Марадона и поради тоа овој автомобил би можел да вреди двојно или трикратно повеќе од вредноста на стандардниот автомобил.“ – рече Грегори Тујтенс, специјалист за автомобили во аукциската куќа Бонхамс во Белгија.
Аукцијата преку интернет ќе трае до 10. март, а почетната цена е 200 илјади евра. Возилото на аукцијата доаѓа со поминати околу 120 илјади километри.