Се разделија Кел и Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд и Себастијан Кел меѓусебно го раскинаа договорот за соработка. Оваа одлука едногласно ја донесоа раководството на Дортмунд и поранешниот спортски директор.

„Во отворена дискусија, Себастијан Кел, [извршниот директор] Карстен Крамер и јас дојдовме до заеднички заклучок дека летото е вистинско време за промени. За да им дадеме време на двете страни да се подготват, заеднички се согласивме веднаш да го раскинеме договорот на Себастијан“, објасни извршниот директор за спорт на клубот, Ларс Рикен.

Кел го водеше професионалниот играчки оддел во Борусија Дортмунд од 2018 година. Во летото 2022 година ја презеде функцијата спортски директор, а под негово водство, тимот стигна до финалето на Лигата на шампионите во 2024 година.