Се собраа ракометарките пред баражот против Романија
Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска на пладне во хотелот „Русија“ во Скопје имаше собир пред двомечот со Романија во битката за пласман на светското првенство во Шпанија кое ќе се одржи кон крајот на оваа година.
Селекторот Симе Симовски за овој двомеч со Романките повика 20 ракометарки на скратениот список објавен минатата недела, кои денеска треба да му се стават на располагање пред првиот дуел кој треба да го одиграме на гости.
Првиот натпревар сениорките ќе го одиграат во Букурешт в сабота на 17 април во 17:00 часот, а реванш натпреварот е закажан на 21 април во 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.