Сигурдсон без Карачиќ на Светското првенство
Хрватскиот селектор Дагур Сигурдсон го скрати поширокиот список и ги потврди патниците на Светското првенство на кое се еден од домаќините заедно со Данска и Норвешка.
Од првичниот список отпаднаа неколку имиња, а меѓу „прецртаните“ е ветеранот Игор Карачиќ. На списокот се најде повредениот Матеј Мандиќ, додека шанса ќе добијат и неколку млади имиња кои се истакнаа во изминатата година.
Доминик Кузмановиќ (Гумерзбах), Матеј Мандиќ (Загреб), Иван Пешиќ (Нант), Матија Шпикиќ (Еизенах), Давид Мандиќ (Мелсунген), Марин Јелиниќ (ПИК Сегед), Звонимир Срна (Загреб), Тин Лучиќ (Нексе), Марко Мамиќ (Лајпциг), Лука Мославац (Нексе), Домагој Дувњак (Кил), Лука Циндриќ (Веспрем), Ивано Павловиќ (Загреб), Филип Вистороп (Еизенах), Иван Мартиновиќ (Рајн Некар Левен), Лука Ловре Кларица (Загреб), Матео Мараш (Татабања), Марио Шоштариќ (ПИК Сегед), Филип Главаш (Загреб), Верон Начиновиќ (Монпелје), Марин Шипиќ (Кринс – Луцерн), Јосип Шимиќ (Потсдам), Никола Граховац (Веспрем), Леон Шушња (Висла Плок), Дарио Нерис Чешко (Извиѓач), Давор Гавриќ (Загреб)
Хрватите на Мундијалот ќе играат во групата Х со Египет, Аргентина и Бахреин.