Сигурдсон: Ова беше магичен натпревар
Дагур Сигурдсон со Хрватска се пласираше во полуфиналето на Светското првенство.
Хрватска со чудесен пресврт се избори за драматична победа против Унгарија и со гол во последната секунда славеше со 31:30, натпревар кој направи да видиме и многу емотивни реакции кај обично мирниот Исланѓанец.
„Благодарност до Унгарија за неверојатната борба и неверојатниот натпревар. Одиграа извонредно, направија работите да бидат многу тешки за нас. Се боревме за секој гол, а со оглед на заморот и повредите кои ги имавме, овој успех е неверојатен. Завршницата на натпрварот беше магична, едноставно не се опишува со зборови. Ова е ракометот, ова е нашиот спорт, вакво нешто се случува еднаш во десет години. Голема благодарност до навивачите во „Арена“, тие беа извонредни. Не се откажаа и на минус четири, но истото важи и за играчите. Некои од нив го жртвуваа своето тело за да останат на терен. Среќен сум за овој голем успех, сега сме на добар пат и мораме да уживаме во моментот“, изјав Сигурдсон на прес-конференцијата.