Силекс ги почна подготовките, главната фаза во Анталија

Есенскиот првак Силекс ги стартува подготовките за втората полусезона во ПМФЛ.
Александар Васоски ја одржа првата зимска прозивка по паузата и играчите ги започнаа тренинзите. Планот е да се тренира во Кратово, а потоа да се замине во Анталија каде што ќе се одиграат квалитетни тестови.
Силекс закажа четири пријателски натпревари во Турција. Првиот е против Нефтчи Фаргона, потоа игра со Ружомберок, па Воитсберг и кулминација ќе биде пресметката со украинскиот гигант кој често игра и во Лигата на шампионите Шахтјор.
Момците на Васоски на рестартот во ПМФЛ играат против Тиквеш на 16 февруари.