Силекс е есенски првак, Вардар и Воска Спорт на дното

Екипата на Силекс е апсолутен победник во 18. коло на Првата македонска фудбалска лига. Кратовчани го победија Вардар (1-0), а од рака им појде и ремито на Шкендија и Гостивар (0-0).
Работнички исто така се израмни со водечките Силекс и Шкендија, откако убедливо го победи Пелистер со 3-0. Вреди да се издвои и дека ова беше последниот натпревар во кариерата на Александар Ставрев.
18. коло
Силекс – Вардар 1-0
Шкендија – Гостивар 0-0
Работнички – Пелистер 3-0
Струга – Воска 2-1
Беса – Шкупи 0-1
Тиквеш – Брера 2-0