Силекс ја шокира Шкендија и го освои Купот на Македонија

Фудбалeерите на Силекс славеа со 1-0 над Шкендија и дојдоа до трофејот во Купот на Македонија по четвртипат. Силекс со еден гол успеа да го добие големото финале кое беше решено дваесетина минути пред крајот и тоа по една голема грешка на тетовци.

Имено, Алиќ успеа да ја казни огромната грешка на Фетаи и така да ја остави Шкендија без трофеј сезонава.

Кратовци дојдоа до пехарот во Купот, а со тоа обезбедија и излез и во Европа, како македонски претставник во Конференциската лига.