Силесен го пропушта Европското првенство во фудбал
Селекторот на Холандија, Франк де Бур објави дека голманот на Валенсија, Јаспер Силесен е исклучен од националниот тим за претстојниот европски шампионат. Претходно, на фудбалерот му беше дијагностициран коронавирус.
„Морав да го направам овој сериозен чекор. Како што знаете, Јаспер има позитивен тест на коронавирус. Поради ова, тој ќе пропушти важен дел од подготовките за ЕП. Не знаеме колку време ќе му треба за да се врати во својата најдобра форма. Не сакам да ризикувам во овој поглед“, беа зборовите на Де Бур.
Натпреварите од ЕП ќе се одржат од 11 јуни до 11 јули во повеќе градови низ Европа, а Холандија е во груопа заедно со Македонија, Австрија и Украина.