Силни противници за македонските женски клубови во евро-куповите
Македонските ракометни преставници во женска конкуренција, ЖРК Ѓорче Петров, Куманово и Чаир, ги дознаа своите противници во второто коло од Европскиот куп. Во пресрет на ждрепката само шампионот ЖРК Ѓорче Петров ја имаше улогата на носител и за противник го доби тимот на Тиват од Црна Гора.
ЖРК Куманово, пак, кој во ова натпреварување влегува како вицешампион на Македонија, ќе игра двомеч со Херцогенбухсе од Швајцарија. Последниот наш тим, ЖРК Чаир, ќе одигра двомеч со холандскиот тим Венло.
ЖРК Чаир и ЖРК Куманово своите први натпревари ги играат на домашен терен, додека ЖРК Ѓорче Петров прво ќе гостува во Црна Гора.
Првите натпревари од второто коло се закажани за 23 и 24 септември, додека реваншите се седум дена подоцна.