Симеоне: Атлетико има одличен тим, проблемот е во мене

Тренерот на фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, на конференцијата за новинарите пред продолжението на сезоната, изјави дека одговорноста за подигнување на нивото на екипата е негова.
„Имаме одличен тим кој го сочинуваат четворица финалисти на Светското првенство. Многумина од овие играчи се освојувачи на шампионатот со Атлетико Мадрид. Во мене е проблемот за моменталната состојба на тимот“, порачува Симеоне.
Атлетико во вториот дел од сезоната во шпанската Ла Лига влегува како петтопласиран тим на табелата со освоени 24 бода.