Симеоне: Барса имаше многу среќа, ние ја испуштивме победата

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ги сумираше впечатоците од натпреварот од 28. коло од шпанското првенство против Барселона.

Атлетико синоќа на свој терен загуби со 2-4, иако до 70,минута водеше со 2-0.

– Противникот имаше многу среќа. Мислам дека не покажавме знаци на замор, енергијата ја добивме од замените. Де Пол вложи огромен напор, Џулијан не се чувствуваше добро, имаше температура, но играше. Не можам да барам повеќе од моите фудбалери. Мислам дека резултатот можеше да остане 2:0. Сепак, тие искористија една шанса и ја намали разликата, а за толку силен и добар тим како што е Барселона, ова е дополнително засилување, доза на самодоверба. Потоа се случи тоа што се случи.
Мојот тим добро се бори во последните натпревари. Ни треба само завршниот чекор. Ќе се бориме до крај, изјави Симеоне за „Marca“.

По овој натпревар Барселона е на првото место на табелата во Лига 1 со 60 бодови, исто колку и Реал Мадрид кој е на второто место. Атлетико е на третото место со 56 бодови.