Симеоне го сака Милик во Атлетико Мадрид
Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик, кој е на позајмица во Олимпик Марсеј, може да продолжи кариера во шпанскиот шампионат. Според француиски „Л“Екип“, Атлетико (М) е заинтересиран за услугите на фудбалерот. Се споменува дека клубот од Мадрид е подготвен да го купи Милик за 12 милиони евра во летниот преоден рок. Претходно беше објавено дека 27-годишниот полски напаѓач е интересен за торински Јувентус. Актуелниот договор на Милик со Наполи трае до 2022 година.
