Симеоне добива нов договор во Атлетико Мадрид
Диего Симеоне најверојатно ќе добие понуда да ја продолжи соработката со шпанскиот елитен состав до 2024 година , објавија дел од медиумите на Пиринеите. Сегашниот договор на 50-годишниот аргентински специјалист е валиден до 2022 година. Симеоне се активираше во клубот во 2011 година и досега успеа да се израдува на шампионската титула (сезона 2013/2014), во Купот (сезона 2012/2013) и Супер Куп на Шпанија. Тој имаше шанса да ги подигне трофеите и во Лигата на Европа на УЕФА (сезона 2011/2012, 2017/2018), Суперкупот на УЕФА (2012, 2018 година). Атлетико Мадрид во тековнава сезона во Примера се наоѓа на челната позиција на табелата со 41 бод од 16 одиграни натпревари.