Симеоне: Загубивме од Барса заради исцрпеност од дуелот со Интер
Менаџерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне призна дека неговиот тим бил надигран од Барселона во дербито на Примера Дивизион. „Јорганџиите“ доцна синоќа загубија со 3-0 на „Ванда Метрополитано“.
„Нашиот противник беше супериорен. Имавме шанси но, Бариос и Мората промашија. Вториот примен гол практично го реши натпреварот“, истакна Симеоне.
Аргентинецот загуби 64% од натпреварите против Барселона во Ла Лига. Под негово водство, Атлетико има само 2 победи од 25 натпревари.