Симеоне: Им се возхитувам на моите фудбалери и на нивниот карактер

Предводникот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го пофали својот тим по ремито 4-4 против Барселона во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Кралот. До ремито Атлетико Мадрид дојде со голови постигнати во финишот од натпреварот, откако беа во негатива од два гола разлика.

„Треба да работиме на тоа како да ги браниме корнерите бидејќи очигледно имавме проблеми денес. Играчите покажаа дух, на што се восхитувам. Тоа беше отворен натпревар против многу силен противник, но имаме се што ни е потребно за да продолжиме напред.

На 0-3 во наша корист си реков: „Не брзај да се радуваш, нема да биде така лесно. Причина за загриженост се двата примени гола од прекини. Беше многу тешко да се реагира по пресвртот во првото полувреме. Барса почна подобро по паузата, но постепено почнавме да создаваме шанси. Гризман имаше шанса да израмни. Тогаш резултатот стана 4-2 со голот на Левандовски.

„Замените ни помогнаа. Имавме свежина во последните минути, а покажавме храброст да нападнеме со играч повеќе. Секако дека сме задоволни од крајниот резултат. Има многу време и многу натпревари до 2 април. Сè уште е рано да се размислува за реваншот“, заврши Симеоне.