Симеоне лут на критичарите: Не знам што очекуваа!
Атлетико Мадрид е во тешка ситуација по првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите, откако мадридскиот тим загуби со 0:1 од Челзи и во реваншот ќе мора да брка резултат. Многумина синоќа го критикуваа тренерот на Атлетико, Диего Симеоне поради дефанзивната играч. Тимот на Симеоне се бранеше во формација 6-3-1 и немаше ниту еден удар кон противничкиот гол. Аргентинскиот тренер беше лут на критиките. „Не знам што очекуваа. Секој може да има свое мислење. Ние во нашата организација и талент баравме пат кон голот преку украдени топки. Имаше ситуации и кога игравме пресинг бидејќи видовме дека би можеле така да изненадиме. Мораме да продолжиме да работиме, да се поправиме и да се обидеме да се засилиме со играчите кои се опоравуваат од коронавирусот.“ – изјави Симеоне. Атлетико е во доста лоша форма, во последните пет натпревари има два порази, а победа запиша само против Гранада.