Симеоне: Ми се јавија дали го сакам Суарез, почнав да се смеам!
Атлетико Мадрид ја освои шампионската титула во Шпанија, а еден од најдобрите играчи оваа сезона беше 34-годишниот Луис Суарез.
Уругвајскиот центарфор постигна 21 погодок во 32 натпревари на Ла Лига и ја водеше екипата до титула. Во клубот пристигна минатото лето за седум милиони евра од Барселона, која се откажа од него по одлука на тренерот Роналд Куман. Холандскиот стручњак сметаше дека на Барселона и е потребна „свежа крв“ во нападот, па Суарез не беше во неговите планови.
Тоа толку го мотивираше Суарез што во неделата по освојувањето на титулата призна дека Барселона прелесно се откажа од него. За својата ѕвезда зборуваше и тренерот Диего Симеоне, кој минатото лето не можее да верува дека постои шанса за доведување на Суарез.
„Ми се јавија од клубот да видат дали го сакам Луис Суарез. Почнав да се смеам и ги прашав: Сериозни сте? Одиме лудачки по него. Дајте да му се јавам.“ – низ смеа раскажува тренерот на Атлетико.
Суарез претходно најави дека и наредната сезона ќе настапува во дресот на Атлетико Мадрид.