Симеоне останува на клупата на Атлетико Мадрид
Аргентинскиот тренер Диего Симеоне го продолжи договорот со Атлетико Мадрид, актуелниот шампион на Шпанија, до 2024 година. Популарниот „Чоло“ е во клубот од 2011. година.
Финансиските детали за договорот се уште не се откриени, но најавено е дека целиот стручен тим на Симеоне ќе ја продолжи соработката со Атлетико.
Во претходната сезона, Симеоне ги предводеше „јорганџиите“ до 11. титула во шпанскиот шампионат во клупската историја, втора во неговиот мандат.
Претходно работеше како тренер во Расинг Клуб, Естудијантес, Ривер Плата, Сан Лоренцо и Катанија.