Симеоне: Првиот следен натпревар е најбитниот

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ги повика своите играчи целосно да се фокусираат на претстојниот прв натпревар од полуфиналето на Купот на Кралот против Барселона кој се игра вечерва, пред дуелот во Лигата на шампионите против Реал Мадрид кој е дел од напорниот распоред на тимот.

Периодот од пет недели за Атлетико вклучува два натпревари против Реал во осминафиналето на Лигата на шампионите и уште една средба со Барса во Ла Лига, каде што Атлетико заостанува зад двата гиганти со еден бод во трката за титулата.

„Единствениот начин е да се оди натпревар по натпревар“, изјави Симеоне на прес-конференцијата пред мечот со Барса.Возбудени сме, сакаме да се натпреваруваме, со нетрпение очекуваме на најдобар можен начин да се соочиме со секој следен противник и за да го постигнеме ова, мора да бидеме фокусирани само на утрешниот натпревар“, додаде Симеоне.Кога се соочувате со големи тимови, знаете дека треба да бидете подготвени да се спротивставите, да страдате. Ќе има добри моменти за секој тим, а ние мора да ги искористиме нашите. Имаме специфична идеја и однапред ќе работиме на тоа со момчињата. Се соочуваме со противник чиј начин на игра навистина ми се допаѓа. Тие имаат голема сила во нападот и ќе се обидеме да ги повредиме таму каде што мислиме дека можеме да ги повредиме“ заврши Симеоне.