Симеоне пронајде напаѓач во Баскија

Атлетико Мадрид има два бода предност над градскиот ривал Реал, но и два натпревари помалку од тимот кој е единствен досега кој ги победил „јорганџиите“ во Примера.
Диего Коста месецов го напушта Атлетико, а Чоло Симеоне е во потрага по замена за искусниот напаѓач. Прв пик беше Милик, но тешко дека Атлетико ќе пронајде заеднички јазик со Де Лаурентис. Оливие Жиру се чини дека ќе остане во Челзи барем до крајот на сезоната, па Атлетико би можел да се обиде со купување во Шпанија.
Вилијан Жозе е на мета, бразилецот игра одлично во Реал Сосиедад, но бележи променлива минутажа. 29-годишниот напаѓач има четири погодоци на 19 натпревари.
„Деветката“ на Сосиедад има договор со клубот до 2024. година, па останува да видиме колкава ќе биде сумата која Баскијците ќе ја бараат за неговиот потпис.