Симеоне: Се радувам, повторно го имам оној стариот Антоан Гризман

Францускиот напаѓач Антоан Гризман постепено ја враќа познатата форма која пред неколку години го направи еден од најдобрите светски фудбалери. Такво мислење искажа и тренерот на мадриѓани, Диего Симеоне по победата од 2:1 над Бетис, која ја обезбеди токму со головите на Французинот.

„Во моментов го гледаме оној Гризман кој го познаваме. Ни требаат такви луѓе кои ги разбираат соиграчите и имаат одлични односи со нив“, изјави Симеоне по победата против Бетис.

Гризман сега има 147 гола за Атлетико и со тоа го надмина Пако Кампос на третото место во листата на најдобри голгетери во историјата на клубот.