Симеоне ќе ја намали платата за да добие нов договор во Мадрид
Диего Симеоне постигна договор со Атлетико Мадрид за нов тригодишен договор, објавија шпанските медиуми.
Аргентинецот, кој е на кормилото на тимот од 2011 година, му донесе многу успеси на „јорганџиите“, па клубот сакаше да го задржи и во наредните три години. Симеоне откако седна на клупата буквално го препороди Атлетико освои две титули во Лигата на Европа, како и две титули во Ла Лига, а два пати играше и во финалето на Лигата на шампиони.
Иако се шпекулираше дека во последните две сезони дошло до презаситување и дека Симеоне е спремен да ја промени средината после 12 сезони, сепак веднаш го прифати новиот договор.
Симеоне се согласил драстично да му биде намалена платата, дури за 45% и ќе остане во Атлетико до 2027 година.