Симиќ сменет, Шкупи ќе добие нов тренер по трите врзани порази

Тони Симиќ не е повеќе тренер на македонскиот кошаркарски прволигаш Шкупи.

Шкупи ги загуби трите натпревари на стартот на сезоната и тоа од градски ривали МЗТ Скопје, Работнички и Чаир 2030, порази по кои клубот одлучи да се раздели со нашата кошарска легенда.

Симиќ имаше добри резултати со составот од Чаир во минатата сезона, успеа по пауза од неколку години да го врати во домашната елитна конкуренција, но и тоа во случајов не му помогна да добие повеќе време да ја разигра новата екипа.

Кој ќе биде стратегот кој ќе го наследи се уште не е познато, Шкупи во четвртотоо коло е домаќин на Вардар, состав со учинок 0-3.