Симов не е повеќе тренер на Македонија ЃП
По поразот од актуелниот шампион Струга во Првата фудбалска лига, Македонија ЃП донесе одлука за разделба со тренерот Горан Симов.
ФК Македонија ЃП известува дека спогодбено се раздели со досегашниот тренер Симов, кој ја водеше екипата во изминатите седум месеци. Соработката помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Горан Симов почна во многу деликатен период, но на крајот од минатата сезона заврши со историски успех, освојување на Купот на Македонија, втора година по ред. Оваа сезона, работите не одеа на посакувото ниво, посебно во првенството, па затоа, по заедничкиот денешен разговор, спогодбено се дојде до завршување на соработката.
„За сето сработено во нашиот клуб, му се заблагодаруваме од сè срце на Горан Симов и му посакуваме многу здравје, среќа и успеси во иднина“, објави клубот
„Лавовите“ од Ѓорче Петров имаат три порази на последните четири натпревари во шампионатот и моментно се на деветтата позиција со 11 бодови.