Симоне Инзаги добива нов договор во Интер

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги по завршувањето на сезоната ќе
потпише нов договор со клубот, пишува „Гаzета дело спорт“. 47-
годишниот стручњак постигна договор со раководството на
Нероаѕурите и ќе го продолжи договорот.
Актуелниот договор на Инзаги е до летото 2025 година, а тој треба
повторно да потпише уште една година. Договорот ќе има опција за
продолжување на уште 12 месеци – до крајот на сезоната 2026/27.
Симоне Инзаги е на чело на Интер од јуни 2021 година. Во тој период
го освои секој можен трофеј во Италија и минатата сезона го одведе
својот тим до финалето на Лигата на шампионите, губејќи со 1-0 од
Манчестер Сити.
Интерес за Инзаги имаше од Челзи и Ливерпул.