Симоне Инзаги заминува од Интер една година порано од истекот на договорот

Интер и Симоне Инзаги денес одлучија да се разделат!

Апенините беа погодени од веста за конечен договор според кој Инзаги ќе ја прифати непристојната понуда на Ал Хилал од 25 милиони евра по сезона, до летото 2028 година.

Инзаги и Интер проценија дека поразот во финалето на Лигата на шампионите значеше и крај на циклусот во кој заедно го освоија Скудетото, два Купа на Италија, три Суперкупа на Италија, но загубија во две финалиња на Лигата на шампионите, од Сити во 2023 година и сега од Пари Сен Жермен.

Она што е клучно е дека Инзаги ќе го предводи Ал Хилал веќе на претстојното Светско клупско првенство, на кое клубот од Саудиска Арабија ќе се натпреварува во Групата Х со Реал Мадрид, РБ Салцбург и мексиканска Пачука.