Симоне Инзаги: Надминавме многу пехови, моите фудбалери беа одлични

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги им оддаде признание на неговите фудбалери кои синоќа одиграа 1:1 со Милан во градското дерби.

„Момците беа одлични, се справија со сè освен со лоша среќа. Надминавме многу пехови на овој натпревар. Имавме три стативи, три поништени гола, недосуден пенал за прекршок над Маркус Турам. Но и противникот одигра одлично и треба да му се честита. Ние го одигравме нашиот 17-ти натпревар за два месеци и им честитав на момците. Секогаш сакаме да победуваме и не дозволивме да се обесхрабриме од лошата среќа на овој натпревар“, изјави тренерот на Интер.

Голот за Интер го постигна Стефан Де Врај во третата од петте судиски дополнителни минути.

Интер со 51 бод е втор на табелата во Серија А, додека Милан собра 35 бода и се наоѓа на 8. позиција.