Симон Кјаер ја заврши професионалната кариера

Дефанзивецот Симон Кјаер, кој од летото во 2024 година нема клуб, одлучи да стави крај на професионалната кариера.

„За одлуката размислував речиси една година пред Европското првенство. Потоа имаше многу причини да видиме што ќе се случи понатаму“ – вели 35-ет годишниот фудбалер кој има играно за данскиот Митјиланд, германскиот Волфсбург, францускиот Лил, шпанската Севилја, турскиот Фенербахче како и за италијанските состави: Палермо, Рома, Аталанта и Милан.

Кјаер со Данска го освои третото место на Европското првенство во 2021 година. Тој беше дел и од Мундијалите во 2010, 2018, 2022 а играше и на Европските првенства во 2012, 2021, 2024 година.