Синер го доби продолжението со Медведев за финале на Мастерсот во Рим

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер успеа во продолжението да го добие полуфиналето со Данил Медведев со 2-1 во сетови. Во решавачкиот сет, кој беше прекинат поради дожд го доби Синер со 6-4 во гемови.

На тој начин во меѓусебниот скор со Медведев поведе со 10-7 во добиени мечеви и воедно ова му беше 33.та победа во низа на мастерс турнирите.

Во финалето кое ќе се игра утре негов ривал ќе му биде Каспер Руд, кој вчера го надигра Лучано Дардери со 2-0 во сетови (6:1 и 6:1). Против Руд, Синер има скор во 4:0 во победи.

Синер ќе се бори за 29.та титула во кариерата, а прва на Мастерсот 1000 во Рим. Со пласманот во финалето тој го изедначи својот најдобар резултат во кариерата – финалето од ланската сезона.