Синер го збриша Шелтон и пак ќе игра финале во Мелбурн

Јаник Синер ќе ја брани титулата на Австралија опен. Првиот носител во полуфиналето го победи Бен Шелтон со 7-6, 6-2, 6-2. Мечот траеше два часа и 36 минути. Противник во финалето ќе му биде Александар Зверев.

Синер имаше големи проблеми во првиот сет, Шелтон сервираше за предност од 1:0, но не успеа да го освои сетот. Синер потоа издоминира во тај-брејкот откако беше јасно дека Американецот со мислите се уште е во претходниот гем, во кој не искористи две сет топки.

Вториот и третиот сет беа рутина за Синер. Направи по два брејка и го реши мечот.

Шелтон, 20. на АТП листата, немаше константност за да му се спротивстави на светскиот број 1.

Финалето на Австралија опен ќе се одигра в недела со почеток во 9 часот по средно-европско време.