Синер доби рекет од чисто злато во Ријад

Италијанскиот тенисер Јаник Синер доби неверојатен подарок по триумфот од 6-2, 6-4 над Карлос Алкараз во финалето на овогодинешниот Куп „Шест кралеви “, кој се одржа во Ријад.

Организаторите подготвија посебно изненадување за италијанскиот ас по натпреварот, како подарок за најдобриот играч на овој егзибициски турнир, а тоа беше рекет направен од чисто злато!

Престижниот трофеј му беше врачен на посебна церемонија на крајот од натпреварот, а интересно е што и Рафаел Надал го доби истиот подарок пред една година. Тогаш, шпанскиот весник „Марка“ откри и некои интересни детали за овој луксузен подарок.Имено, златниот рекет тежи дури три килограми, додека неговата вредност се проценува на околу 250.000 евра!

Со оглед на тоа што сите учесници на турнирот собраа 1,5 милиони евра само за учество, вредноста на подарокот можеби не изгледа преголема на прв поглед, но нема сомнение дека Синер ќе најде посебно место за овој уникатен рекет во неговата колекција трофеи .