Синер и Алкараз ќе се борат за титулата во Синсинати

Италијанскиот тенисер Јаник Синер и Шпанецот Карлос Алкараз ќе се борат за трофејот на турнирот во Синсинати, САД.

Во полуфиналните натпревари, Синер синоќа го победи Французинот Теренс Атман (7-6 (7-4), 6-2), а Алкараз ноќеска беше поуспешен од Германецот Александар Зверев (6-4, 6-3).

Тенисерите ќе се сретнат во финале на АТП турнирите по четврти пат.

Финалето на турнирот во Синсинати ќе се одржи утревечер со почеток во 21 часот по македонско време.