Синер и Зверев ќе се борат за титулата во Мадрид

Александар Зверев обезбеди пласман во финалето на Мастерсот во Мадрид откако во полуфиналето рутински го победи Алекс Блокс со 2-0 (6-2, 7-5), по еден час и 35 минути игра и со тоа закажа судир со Јаник Синер за трофејот.

Третиот тенисер на АТП листата уште од самиот старт фати ритам и веќе во првиот сет покажа разлика во класата.

Со сигурен сервис и агресивна игра од основната линија, брзо дојде до предност и поведе со 1-0 во сетовите без поголеми проблеми

Во финалето го чека светскиот рекет број еден, моментално неприкосновениот Јаник Синер, кој претходно во текот на денот рутински го елиминираше Артур Фис, па Мадрид ќе добие финале меѓу двајцата во отсуство на Ѓоковиќ и Алкараз, моментално најподготвените играчи на АТП турот.