Синер лесно во четвртфиналето во Пекинг

Италијанецот Јаник Синер обезбеди пласман во четвртфиналето на АТП турнирот од серијата 500 на тврда подлога во кинеската престолнина Пекинг, откако денеска во второто коло го совлада Французинот Теренс Атма со 6:4, 5:7, 6:0 за два часа и 22 минути игра.

Синер, кој е прв носител, ја освои титулата во Пекинг во 2023 година.

Негов противник во четвртфиналето ќе биде унгарскиот тенисер Фабијан Марожан, кој го елиминираше Александар Милер од Франција со 6:3, 7:6(5).

Турнирот во Пекинг се игра за награден фонд од над четири милиони евра.