Синер со лесна победа го почна Ролан Гарос

Светскиот рекет број еден Јаник Синер се пласира во второто коло на Ролан Гарос откако рутински го победи Французинот Клемонс Табур, рангиран на 171. место на АТП листата, со 3-0 во сетови (6-1, 6-3 и 6-4).
Мечот траеше два часа и десет минути, па Синер не загуби премногу енергија за време на овој дуел.
Следна пречка на Синер ќе биде Аргентинецот Хуан Мануел Черундоло, кој го победи Британецот Фирнли со 3-0 во првото коло.