Синер убедлив во финалето со Алкараз на турнирот во Ријад

Јаник Синер му се одмазди на својот голем ривал Карлос Алкараз за двата порази во низа и го освои „Сикс кингс слем“ во Ријад, Саудиска Арабија.
Финалето меѓу најдобрите тенисери на денешницата мина во знакот на освојувачот на Вимблдон, кој по два сета (6-2, 6-4) го совлада Алкараз и заработи големо богатство.
Секој од учесниците на овој турнир доби по еден и пол милион евра, а играчот што го подигна трофејот ќе заработи дополнителни 4,5 милиони.