Синот на Антонио Рејес потпиша професионален договор со Реал

Хозе Антонио Рејес Лопез, 16-годишниот син на легендарниот Хозе Антонио Рејес стави потпис на првиот договор со Реал Мадрид.

Пред само неколку дена тој го прослави својот 16. роденден, а веќе може да се пофали со договр со „кралевите“. Синот на Рејес во школата на Реал Мадрид пристигна како 11-годишник, недолго откако неговиот татко во сообраќајна несреќа го загуби животот.

Легендарниот Рејес имаше одлична кариера носејќи ги дресот на Севиља од каде што премина во Арсенал и беше дел од „непобедливите“ во сезоната 2003/04. Од Арсенал, Рејес направи трансфер во Реал Мадрид каде што ја освои шампионската титула во сезоната 2006/2007, еден период настапуваше и за Атлетико.

Животот Рејес го загуби во 2019 година во сообраќајна несреќа откако поради голема брзина изгуби контрола над своето возило. Подоцна истрагата покажа дека до несреќата дошло поради дефект на автомобилот.