Синот на Дидие Дрогба ќе настапува за Каратесе
Исак Дрогба, синот на славниот Дидиер кариерата ќе ја продолжи во Италија. Исак е роден во Париз во декември 2000 година и играше за младинските тимови на Челзи, а потоа премина во Гингамп. Сега ќе настапува за Флорие Каретесе, екипата од италијанската Серија Д објави дека постигнала договор со синот на славнит фудбалер. Исак е на почетокот од својата фудбалски кариера меѓутоа е предалеку од она што го направи неговиот татко во фудбал. Дидиер со Челзи освои 14 трофеи, вклучувајќи и ја Лигата на шампионите и за овој тим постигна 164 гола на 381 натпревар.