Синот на Карло Анчелоти е нов тренер на Ботафого

Карло Анчелоти стана селектор на Бразил, а во таа земја оди и неговиот син, Давиде Анчелоти кои го презема кормилото на Ботафого.
36-годишниот Давиде Анчелоти до минатата сезона беше помошник на Карло, а сега почнува самостојна тренерска кариера.
Давиде повторно ќе биде во земјата каде ќе е и неговиот татко, но овојпат ќе работат на различни проекти.
Анчелоти јуниор ќе има голем предизвик бидејќи го презема кормилото на Ботафого кој е актуелен шампион на Бразил и на Копа Либертадорес.
Бразилскиот шампион изминатата сезона го водеше Артур Жорже, кој по големите успеси се пресели во Катар. На негово место во февруари дојде Ренато Паива, кој по само неколку месеци беше отпуштен. Под негово водство, Ботафого приреди изненадување победувајќи го ПСЖ во групната фаза на Светското клупско првенство, но потоа испадна од Палмеирас во првото елиминациско коло.