Синот на Паоло Малдини пред потпис со Аталанта

Освојувачот на Лига Европа, Аталанта веќе избра замена за повредениот напаѓач Адемола Лукман, кој ќе биде надвор од терените најмалку три недели. Според новинарот на Релево, Матео Морето, тимот од Бергамо е блиску до договор со Монца за потпис на Даниел Малдини.

Се уште не е јасно дали договорот ќе биде за постојан трансфер или позајмица до лето со задолжителна опција за откуп. Се проценува дека вкупната сума ќе изнесува околу 15 милиони евра, а 50% од неа отпаѓа на поранешниот клуб на играчот Милан, кој минатото лето го пушти бесплатно во тимот на Монца. Договорот на италијанскиот репрезентативец ќе биде до летото 2029 година. Оваа сезона 23-годишниот офанзивен играч за врска има 21 настап со три гола и една асистенција за Монца.

Меѓу останатите играчи кои се поврзуваа со Аталанта во последните денови беа Џакомо Распадори од Наполи и Адам Дагим од РБ Салцбург.