Синот на Редондо се сели кај Меси во МЛС лигата

Името Федерико Редондо во претходниот зимскиот преоден рок се
споменуваше неколку пати. Имено, станува зборсин на легендата на
Реал Мадрид и Аргентина, Фернандо Редондо.
Се најавуваше дека 21-годишниот Редондо може да тргне по стапките
на својот татко и да добие шанса во Реал Мадрид, но тоа сепак не се
случи. На крајот тој заврши во МЛС лигата и тоа во тимот на Интер
Мајами.
Договорот со Интер Мајами значи и дека ќе биде соиграч на Лионел
Меси. Според најавите се е завршено и се чека само да се завршат
одредени формалности за и официјално да биде претставен како нов
играч на тимот на Бекам.
Досега Редондо го носеше дресот на Аргентинос Јуниорс. Треба да се
спомене и дека неговиот татко исто така во младоста играше за овој
тим од каде што се пресели во Тенерифе, а потоа беше дел од
гигантите Реал Мадрид и Милан.