Синот на Чоло Симеоне потпиша за Наполи

Напаѓачот Џовани Симеоне се пресели од Верона во Наполи со позајмица. Клубот на Неапол ова го пренесе на својата официјална страница на социјалните мрежи.

Според извори, Наполи ќе и плати на Верона околу 3 милиони евра за позајмицата.Исто така, договорот меѓу клубовите содржи задолжителна опција за откуп во износ од 12 милиони евра. Договорот на Симеоне со наполитанците ќе важи до 2027 година, а неговата годишна плата ќе биде 1,7 милиони евра

Минатата сезона Џовани Симеоне, кој е син на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, одигра 35 средби во италијанската Серија А. Фудбалерот постигна 17 гола и пет асистенции. Порталот Трансфермаркт го проценува напаѓачот на 17 милиони евра.